Најмалку три кучиња се отруени, а едно е спасено изминатото деноноќие во Охрид. Труењето, кое според здруженијата за заштита на животните, најверојатно е организиран и координиран чин, се случило на повеќе локации рано утрово и синоќа.
Едно од кучињата угинало во големи маки во близина на пазарот, во населбата Охридати била отруена трудна кучка, а уште еден случај на труење бил забележан кај каналот Студенчишта.

OhridNews













