Почнувајки од петок, 13 ноември, продолжува со редовно функционирање редовната автобуска линија Охрид – Белград на „Галеб“ Охрид, информира автопревозната компанија.
Од Охрид кон Белград ќе се поаѓа во стандардниот термин во 17:45 часот (преку Кичево) и 15:30 (преку Битола), а поаѓањето од Белград за Охрид е во 21:30.
Првото поаѓање од Белград за Охрид е во сабота, 14 ноември, соопшти АД „Галеб“.
OhridNews