Семафорите на крстосницата на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“ во близина на Основното училиште „Христо Узунов“ во Горна влашка маала, повторно се во функција.
Од Секторот за комуален развој, сообраќај и улици, апелираат да се почитува сообраќајната сигнализација и да не се оштетува од страна на несовесните граѓани, поради тоа што им го олеснува преминувањето на улицата на граѓаните, особено на учениците од училиштето.
Семафорите и претходно беа оштетувани и повторно ставани во употреба.
OhridNews