Од 1-ви септември повторно воведена третата смена на Детското одделение при Општа болница Охрид. Месечно биле реализирани 500 прегледи, а дневно фрекфенцијата на пациенти е околу 50-тина.

Од пред четири години датира овој проблем со крајни напори најдовме решение, вели директорот на болницата Д-р Горан Маркоски.

Имаме пет доктори кои се на специјализација од Детското одделение и во текот на годините ќе доаѓаат, ова одделение ќе се екипира уште повеќе. Во претходните месеци се извршени и одредени реновирања и санации за да се создадат оптимални услови. Се изврши санација на санитарните јазли, се изврши молерисување на целото Одделение. Во моментов се изготвува проект за целосно реновирање на ова Одделение со што следната година ова ќе прерасне во едно од поубавите Детски одделенија во нашата држава. Апелирам и до граѓаните на Општина Охрид да го користат прво примарното здравство односно матичните лекари за да не се создава голема гужва на одделението. Доколку има потреба одделдението е отворено 24 часа, додава Маркоски.

Раководителот на Одделдението за детски болести, Д-р Македонка Митреска Наумоска, специјалист по педијатрија истакна дека моментално на одделението работат три докторки специјалисти по педијатрија.

Дополнително за втори смени и дежурства доаѓа и доктор специјалист педијатар вработена во Здравствен дом Охрид. На Одделението моментално се ангажирани и двајца педијатри со консултантски договор, односно доктори педијатри пензионери. Имаме пет доктори кои се моментално на специјализација, од нив најбрзо за две години еден би почнал со работа на одделението. Фрекфенцијата на пациенти подразбира 50-тина прегледи дневно, бројот на прегледи е значително поголем за време на викенди, кога не работат матичните лекари. Најголем број од дечињата ги водиме преку Дневна болница и во моментов имаме околу 30-тина. Имаме зголемена фрекфенција на пациенти во ноќните часови, после 22 часот, вели

Посочува дека за хоспитализација на располагање се седум кревети, но во зависност од потребите ќе бидат адаптирани и други соби за хоспитализација.

Во текот на септември биле хоспитализирани 20 деца.

Н.С.Ј.

фото. А. Момироска