Во детските градинки се препорачува децата да се изнесуваат на прошетка единствено до 10 часот наутро, да се нуди лесна храна и повеќе течности, како и да се заштитат просториите во кои престојуваат од директна сончева светлина со ролетни или завеси.
На домовите за згрижување на стари лица се препорачува преземање мерки за климатизација на просториите или обезбедување на една студена просторија (неопходна за портокалова фаза), да се нуди повеќе лесна храна и течности, совети за навремено земање на препорачаната терапија од лекар.
На Центрите за социјални работи им се препорачува поголема соработка со единиците на Црвен крст и локалната самоуправа во поактивен пристап и помош на осамени стари лица, социјално загрозени лица и бездомници (лоцирање на лицата, домашни посети и помош).
Како што наведуваат од надлежното министерство, државниот инспекторат за труд, односно инспекторите за безбедност и здравје при работа ќе вршат засилени контроли за да утврдат на терен дали работодавачите се придржуваат до препораките.