“Позајмениот“ Лукаку со два гола во финишот на мечот го одлучи патникот во полуфиналето од ФА купот. Евертон го совлада Челси со 2-0 и продолжи да сонува за излез во Европа. Сините ја играат најслабата сезона по превземањето на клубот од страна на рускиот тајкун Роман Абрамович. Пред само три дена претпреа елиминација од ЛШ, а по овој пораз пропадна и последната можност за освојување на трофеј сезонава.

Карамелите ќе играат за прв пат по сезоната 2011/12 во полуфиналето на ФА Купот, тогаш беа елиминирани од Ливерпул. За менаџерот на Челси, Гус Хидинк ова беше прв пораз во ФА купот, победувајќи во сите претходни шест меча.

OhridNews