Пожар избувнал попладнево во индивидуална куќа лоцирана на пресекот помеѓу улиците „Даме Груев“ и „Богомилска“. Во противпожарната единица пожарот бил пријавен околу 16 часот и веднаш било интервенирано со три противпожарни возила. За брзо време пожарот  бил локализиран

Од пожарот бил зафатен еден кат од куќата. Неофицијално повредени нема, а причинета е материјална штета. Истрагата треба да ги утврди причините за пожарот.

OhridNews
фото: Архива