
Сопственикот и главен уредник на телевизијата Јован Трпески изјави дека благодарение на брзата интервенција на противпожарната служба, спречено било ширењето на пожарот во насока на маркетот “Јагор” и кон просториите на ТВ Морис.
-Опожарени се неколку дуќани во непосредна близина, а освен оштетување на сателитскиот систем, Телевизија „Морис“ не претрпе посериозна штета.-истакна Трпески.
Истрагата, која е во тек, треба да утврди причините за пожарот.












