Вчера околу 15 часот во ОВР Струга пријавено е дека во крајбрежниот езерски појас од Струга кон селото Калишта, настанал пожар на нискостеблеста вегетација и трска, во должина од околу 200 метри.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, информира  портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

OhridNews