На 10.12.2025 во 22:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Карпош Војвода“ во Охрид настанал пожар на патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на 38-годишно лице од Охрид.
Повредени лица нема, а од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид пожарот бил изгаснат, информираат од СВР Охрид.
Увид извршија полициски екипи.
OhridNews













