Пожар попладнево избувна во близина на с.Лешани, Општина Дебрца. Зафатена е областа на ридот над с. Лешани, информира градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески, кој се наоѓа на местото на пожарот.
Во моментов тука се и екипи на територијалната противпожарна единица Охрид кои се обидуваат да го локализираат пожарот“, изјави кратко за OhridNews градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески.
Во моментов нема информација колкава површина е зафатена.
OhridNews
Фото: Илустрација













