Вистинска драма се случувала вчера попладне во станбена зграда во охридската населба Далјан. Околу 14.42 часот бил пријавен пожар кој избил во подрумските простории од зграда лоцирана на улицата „Гоце Делчев“.
Веднаш интервенирала Преотивпожарната единица од Охрид, која го локализирала пожарот, а четири лица побарале медицинска помош. Тие се надвор од животна опасност.
Истрагата треба да ги утврди причините за пожарот кои предизвикаа вознемиреност кај жителите.
Г.М.