Околу 25 хектари трска и трева изгореа во пожарот што синќа избувна во природниот резерват Езерани, крај Преспанското Езеро. По неколкучасовна борба со огнената стихија противпожарните единици од Ресен успеале да го локализираат пожарот.

Езерани е живеалиште на 270 видови птици, од кои 62 се на листата на заштитени видови. За природен резерват е прогласен во 1996 година.

OhridNews