Претпладнево избувнал пожар во атарот на село Лактиње, Општина Дебрца. Според првичните информации пожарот кој бил активен на отворен простор, зафатил сува вегетација и дел од шумата.

Противпожарната единица од Охрид на местото на пожарот интервенирала со две пртивпожарни возила.

Причините за пожарот се сеуште непознати.

OhridNews