Голем пожар попладнево избувна во поранешниот дописен центар на Македонската радио-телевизија во Охрид. Со брза интервенција на професионалната противпожарна служба од Охрид, пожарот бил изгаснат.


Засега нема информации за причините кои довеле до пожарот во руинираниот објект, каде според граѓаните од соседството често се собирале сомнителни лица . Тие укажуваат дека не е прв пат да биде опожарен  поранешниот дописен центар на МРТВ , кој веќе 10 години е надвор од функција, и дека и покрај нивните реакции сопственикот на зградата не презел мерки за нејзина заштита.

Во тек е увид на местото на настанот.


Спречена поголема штета

OhridNews