На 15.12.2023 година во 22.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Јане Сандански“ во Охрид настанал пожар во паркиран патнички автомобил „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на 43 годишно лице од Охрид, информираат од СВР Охрид.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews