Пожар избил попладнево околу 17.25 часот во семејна куќа на ул. „Андон Дуков“ во населбата Кошишта во Охрид. Веднаш интервенирала професионалната противпожарна единица Охрид со две возила. И покрај непристапниот терен и тесните улички пожарникарите за триесетина минути успеале да изгаснат пожарот.
Жртви и повредени нема, а според првичните информации изгорел покривот и покуќнина.
На местото на настанот извршен е увид, а истрагата треба да ги открие причините за пожарот.
OhridNews













