Пожар попладнево избувна во сендвичарата „Вили“ на ул. Димитар Влахов.

Како што не информираа од ТППЕ Охрид, пожарот бил пријавен во 17:13 минути, при што веднаш било интервенирано од противпожарната единица.

Пријавено беше дека гори оџак во сендвичара „Вили“, интервенира екипа на ТППЕ Охрид со едно возило и тројца пожарникари. Во пожарот нема повредени лица. Двете простории од сендвичарата се изгорени речиси 100 проценти, изгорен е и дел е од опремата од надворешниот простор. Од сендвичарата навремено биле отстранети плинските боци, информираа од ТППЕ Охрид.

Засега не се познати причините за пожарот, во кој е причинета поголема материјална штета.

На местото на пожарот во тек е увид.

 

К.А/М.П