Денес по 11 часот пожар избувна во пицерија во строгиот центар на Охрид.

Денес во 11:47 минути примена е дојава за пожар на улица „Цар Самуил“ бр.4 во пицеријата Бистро Меџик. На лице место интервенирано е со едно возило и четири пожарникари. Опожарена била кујната во објектот. Во краток рок пожарот е локализиран и ликвидиран, вели заменик командирот во ТППЕ Охрид, Коста Кузманоски.

Пожарот настанал од фритезата и не е предизвикана поголема материјална штета.

OhridNews