Уште илјада жители на планинските предели се евакуирани поради најголемите шумски пожари на северот на Калифорнија. Гаснењето на огнот го отежнуваат временските услови, а за тој регион се прогнозира ветровит и жежок викенд, што би можело да го рашири огнот во нови области и да загрози поголем број куќи.
Пожарот во комплексот Мендосино вчера дополнително доби на интензитет, уништувајќи над 60.000 хектари, што е околу половина на Лос Анџелес. Поради ширењето на огнената стихија, 16.000 жители беа принудени да бегаат од своите домови.