Лекарите во болницата во австриското гратче Корнојбург повикале противпожарна помош, бидејќи не биле во сотојба да и помогнат на една пациентка и да го отстранат тесниот прстен од нејзината рака. Пожарникарите, вкупно 12 на број, дошле во болницата со своите возила.
Со помош на специјален алат, пожарникарите, за разлика од лекарите, успеале да и помогнат на жената на која раката и била отечена. На две места тие го пресекле прстенот и потоа го скршиле, па со помош на сапун, по 45 минути, и помогнале на пациентката.