Пожарникарот Ацо Тасески и водителот Жанко З’ш Голабоски личности на годината во Охрид
31.12.12 15:56
Храбриот охридски пожарникар Ацо Тасески е „Личност на годината во Охрид за 2012 година“ во изборот на редакциското жири на најпосетуваниот интренет портал во Охрид и пошироко „OhridNews“.
Тасески годинава не се штедеше себе си при бројните интервенции. Спасуваше човечки животи од опожарениот Студентски дом и домови на охриѓани зафатени од огнена стихија.
Ова, воедно е признание и за професионалната противпожарна единица од Охрид, која годинава беше на висина на задачата секогаш кога тоа ќе беше потребно.
Признанието „Личност на годината во Охрид за 2012 година“, според гласовите на читателите и обожавателите на „OhridNews“ на фан страната на весникот на „Facebook“, заврши во рацете на познатиот охридски водител Жанко З’ш Голабоски. Тој од неодамна е косопственик на Гинисов рекорд за најдолг радио маратон. Од есенва Жанко е и заштитно лице на „Наша тв“. Основач е на велосипедистиочкиот клуб „З’ш Точак“ кој годинава редеше успеси на државните првенства.
Признанијата на Тасески и Голабоски, ќе им бидат доделени на свеченост што ќе се одржи деновиве.
По повод 8-ми Декември – СвКлимент Охридски – Патрон на градот, Општина Охрид распиша Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба Темата на Конкурсот треба да се однесув...
По повод 8-ми Декември – „Св Климент Охридски“-градоначалникот на Општина Охрид распишува Конкурс за доделување на општинската награда – Патрон на градот „СвКлимент Охридски” за 2025 година Награда...
Реконструктивни зафати за подобрување на условите за згрижување на деца во објектот „Росица“ на детската градинка „Јасна Ристеска“ се реализирани изминатиот период, информираат од Општина Охрид Пос...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.