Пожарот во околината на с.Делогожда- Струга е локализиран и ставени под контрола и во овој момент нема опасност и нема потреба од дополнителни сили и средства за справување со нив, информираат од Центарот за управување со кризи.Од противпожарната единица Струга за OhridNews велат дека пожарот е ликвидиран и ситуацијата на терен е мирна. Во струшко Делогожда зафатена од оган била нискостеблеста шума.
Пожарот беше ликвидиран од пожарникари на непристапен терен. На лице место беа командирот на територијалната противпожарна единица Струга и останати пожарникари кои сами го локализираа пожарот. Моментално нема опасност. Од денеска на сила е и забраната за движење низ шуми, информираа од ТТПЕ Противпожарна единица Струга.
Во текот на вчерашниот ден активни беа 14 пожари на територијата на цела држава.Пожарот во с Девич-М.Брод е локализиран.Најлоша моментално ситуацијата е во Старо Нагоричане, додека вчера во Кочани се појавил сосема нов пожар. Како што рече Ангелов, најверојатно причина е спој на жици на далноводи или бандери, но МВР работи на откривање на точните причини. Ангелов додаде дека новиот пожар по појавата бил контролиран, и се ширел споро, но имало ветер што е нетипичен за овој период од годината и кој што почнал со голема брзина да го шири пожарот.Во моментот кога од градоначалникот на Кочани бил побаран хеликоптер тој веќе се наоѓал во Старо НАгоричани каде беснеел друг голем пожар кој денеска е уште повеќе проширен.
Денеска на седница на Центарот за управување со кризи било одлучено дека нема потреба од прогласување на кризна состојба.
На денешната седница по опсежна расправа по разгледување на состојбата одлучено е дека нема потреба од прогласување на кризна состојба но ќе бидеме во постојано заседание а ако работата тргне на полошо на брзина ќе свикаме седница и ќе побараме да биде прогласена кризна состојба онаму каде што државата е зафатена со пожар, истакна директорот на центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов
Една од причините за оваа одлука е вклученоста на армијата , воедно и каналите за добивање на меѓународна помош добро функционираат, информираше денеска Ангелов.
Кристина А.














