Успешна престава на охридскиот фудбалски клуб “Фер Плеј“ кој со генерацијата 2000/01 учествуваше на фудбалскиот турнир во Драч, Албанија. На “виолетовите“ за еден гол им избегна полуфиналето, откако во осумте рунди забележаа шест победи, едно реми и еден пораз со гол разлика 24-5.


– Секој турнир е искуство повеќе за нас како клуб и за овие деца кои се дел од нашата школа. Ваквиот камп се покажа како добитна комбинација комбинирајќи фудбал и море за младите охриѓани. Ние тука нема да застанеме и во план сме во текот на летото да учествуваме на уште два силни меѓународни турнир – вели Игор Настоски од “Фер Плеј“.


Охридскиот судија Марјан Настески, кој ги водеше финалните натпревари од турнирот доби посебна награда од организаторот за одлично завршената работа.

Ohridnews