„Позитивно негативни“ – нова авторска песна и видео спот на Мето Ди Флеш
24.02.22 18:10
Песната “Позитивно негативни” е четвртата авторска песна на нашиот познат музички уметник Мето Ди Флеш која доаѓа со видео запис како и претходните.
Мето Ди Флеш се потпишува како комплетен автор на текстот, музиката и аранжманот. Песната е снимена во неговото студио во Струга. Пратечките вокали се на Марија Мечкароска и Анастасија Поповска и ја истакнува он-лајн соработката со повеќе музичари од целиот свет
Песната е напишана како што вели тој во еден здив. Зборува за актуелното време кое го живееме, пандемијата која наместо да не зближи не раздели еден од друг. Луѓето кои се занимаваат со музика и уметност се и беа најпогодените од новонастанатата состојба.
Нема ништо полошо од тоа некој да ти забрани да го работиш тоа што го сакаш и тоа што те прави среќен вели Методи. Новото “нормално” ништо добро не ни донесе туку напротив како се повеќе луѓето да сме спротивставени меѓу себе. Упатува порака повеќе да се сакаме,почитуваме и вистински да бидеме позитивни а негативни на ковид тест 🙂
За видеото да изгледа светски се погрижи Мухамед Манте кој повеќе месеци работеше на него. Го нацрта Њујорк, поштено се изнаработи па од видео студиото Флеш на Самир директно ме стави во центарот на светот вели Методи.
Расте бројот на деца со аутизам како во европски рамки, така и во Македонија Нашиот систем има и систематски и несистематски начини на лекување, меѓутоа секој пациент, секој родител кој што има дет...
Низ серијал стории ви ги претставуваме успешните охридски приказни во изборот на Охридњуз во 2025 година кои се помесетени во 12 издание на Годишната ревија на настани Осум децении Црвен крст Охрид...
Во женското финале на првиот Грен слем турнир оваа година, Аустралиан опен, што се одигра утрово во Мелбурн, родената русинка од Казахстан Елена Рибакина, ја совлада Арина Сабаленка од Белорусија с...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.