Со натпреварот меѓу Вардар 1961 и Олимпијакос, на 18 август во 16:30 часот, ќе започне петтото издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Познат е комплетниот распоред на натпреварите на турнирот што до 22 август ќе се игра во СРЦ „Билјанини извори“.
Домаќинот ГРК Охрид првиот натпревар ќе го одигра на отворањето на турнирот, на 18 август од 18:45 часот против селекцијата на Египет до 20 години. Првиот натпреварувачки ден ќе го заокружат Војводина и Загреб со дуелот од 21 часот.
Во второто коло, на 19 август, Охрид од 18:45 часот ќе ги одмери силите со Војводина, додека последниот натпревар во групната фаза ќе го одигра на 21 август од 21 часот против Загреб.
Комплетен распоред на натпреварите:
Вторник, 18 август
16:30 Вардар 1961 – Олимпијакос
18:45 Охрид – Египет У20
21:00 Војводина – Загреб
Среда, 19 август
16:30 Загреб – Египет У20
18:45 Охрид – Војводина
21:00 Нексе – Тримо Требње
Четврток, 20 август
16:30 Војводина – Египет У20
18:45 Олимпијакос – Тримо Требње
21:00 Вардар 1961 – Нексе
Петок, 21 август
16:30 Нексе – Олимпијакос
18:45 Вардар 1961 – Тримо Требње
21:00 Охрид – Загреб
Завршницата е предвидена за сабота, 22 август. Натпреварот за седмото место ќе започне во 10:30 часот, а мечот за петтото место во 12:30 часот. Дуелот за третото место е закажан за 17:45 часот, додека финалето на петтото издание на „Крсте Андоновски“ ќе се игра од 20 часот.
На годинашното издание настапуваат осум екипи. Во групата А се Охрид, Загреб, Војводина и Египет У20, додека во групата Б се Вардар 1961, Нексе, Олимпијакос и Тримо Требње.
OhridNews











