Државната изборна комисија ја утврди единствената листа на редни броеви под кои ќе настапат кандидатите и коалициите на претстојните Локални избори.

Целосната листа со редни броеви под кои ќе бидат запишани партиските кандидати за градоначалници кои доаѓаат од редовите на парламентарните партии:

  1. Искуство за успех
  2. ЗНАМ
  3. Демократска партија на Србите
  4. Национална Алијанса за интеграција НАИ-ДУИ
  5. Коалиција за локални избори 2025 – СДСМ
  6. Левица
  7. Коалиција Влен
  8. Коалиција за Зелена иднина
  9. Коалиција „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ.

Локалните избори за градоначалници и советници во општините ќе се одржат на 19 октомври. Изборната кампања за првиот круг на гласање започнува на 29 септември во 00:00 часот и трае до 24:00 часот на 17 октомври.

OhridNews