Во отвореното студио на МТВ во емисијата посветена на националниот Евросонг беа извлечени редните броеви на учесниците на двете полуфинални вечери, а беа соопштени и деталите врзани на актуелниот избор, кој ќе се одржи на 19., 20. и 21. февруари во Универзалната сала во Скопје.

Уметничкиот директор на Фестивалот – Љупчо Мирковски вети квалитетен фестивал и стилска шареноликост на песните. Сите песни се снимени, а наскоро јавноста ќе може да ги слушне рефрените, за да има подобар увид во Изборот.

Годинава за победникот одлучуваат како гласовите собрани по пат на телевоутинг, така и гласовите од 12-членото стручно жири, кое на двете полуфинални и на  финалната вечер своите гласови ќе ги соопшти јавно. Телевоутингот и жирито гласовно партиципираат во сооднос 50:50. За годинашниот избор, наскоро ќе бидат пуштени во продажба и влезните билети.

Актуелната шефица на македонската евровизиска делегација, Гордана Андрашевска, зборувајќи за ревијалната програма на трите евровизиски вечери, ја запозна јавноста со имињата кои ќе настапат. Со својата музика, публиката во Универзалната сала ќе ја загреваат Мартин Вучиќ и Пер-Екс Ансамбл, ДЈ Панчо со евровизиските рефрени, а ќе биде претставен и проектот Кирилицо  на Министерството за образование на Република Македонија.

Ревијално, својата промоција ќе ја доживее и поп-симфонијата на Љупчо Мирковски, а ќе настапат и актуелните евровизиски претставници на Белорусија и Босна и Херцеговина – Петар Елфинов и групата Регина. Освен тоа, организаторите најавуваат и едно големо изненадување, на кое никој нема да остане рамнодушен.

Годинава победникот на националниот Евросонг традиционално ја претставува Македонија на Евровизија во Москва, Русија, додека пак второпласираниот ќе настапи на фестивалот „Сунчане скале 2009“ во Херцегнови. По пат на ждрепка беше извлечен редоследот на учесниците во двете полуфинални вечери:

Прва полуфинална вечер (19.02.2009.):

Реден број и композиција  – Автор –  Изведувач
 
1. За неа постојам  – Костадин Папа – Костадин Папа

2. Добар крај  – Ана Симоновска –  Ана Симоновска

3. Дрво без корен – Андријана Јаневска  –  Андријана Јаневска
 
4. Исто што и ти – Душко Темелковски – Трета Димензија

5. Мојот ТВ  – Ристо Апостолов – Водолија

6. Северно од мене, јужно од тебе  – Калиопи Букле – Верче Пандиловска

7. Ме пронајде ти  – Хари Котларовски –  Димитар Андоновски

8. 103 бели лебеди –  Григор Копров  – Ристо Самарџиев и Зоран Џорлев

9. За крај – Давор Јордановски  –  Лили

10. Игра со нас – Димче Китрозоски – Жармена

11. Генгста оро – Даниел Јовески – Сленг

12. Патувам низ времето – Зоран Илиевски –  Емилија Гиевска

13. Помалку наивно – Никола Перевски Владимир Крстевски – Проект Македонија (Пере, Франц, Туна и Игор Џамбазов)

14. Сила на љубовта – Александар Масевски – Даниел
 
15. Нешто што ќе остане – Дамјан Лазаров, Јован Јованов –  Некст Тајм

16. Гледаш не сум сам – Владимир Дојчиновски – Јане Дунимагловски

Втора полуфинална вечер (20.02.2009.):

Реден број и композиција Автор Изведувач

1. Љубовта доаѓа  – Лазар Цветковски –  Дејан Трифуновски

2. Земи се – Љупчо Трајковски ФИС – Стефан Цветковски

3. На мое место – Бојан Ѓошевски  – Јасмина Димитровска

4. Волшебник –  Блаже Темелков –  Филип Јордановски

5. Најбогат на свет – Владимир Дојчиновски – Влатко Илиевски
 
6. Повторно љубена – Стевче Грозданов – Венера

7. Насмеј се  – Здравка Мирчевска  – Патници и Дијана Трајкоски

8. Застани, солзи избриши – Григор Копров – Александар Белов

9. Рум дум дум (Збогум) –  Кире Костов  – Наум Петрески и Калиопи

10. Отвори го срцето – Јован Василевски – Амир Ибраимовски

11. Девојко –  Симон Трпчевски –  Браво Бенд

12. Блиску до мене – Лазар Цветковски – Влатко Лозаноски

13. Збогување – Даниел Митревски – Памперси

14. Динг донг – Зоран Трпков –  Рок Агресори
 
15. Дали мислиш на нас – Гоце Симоновски – Наде Талевска

16. Нема да зборам – Ванчо Димитров  – Кристијан