Екипата на Рома на Олимпико со 4-0 ја совлада Сампдорија и ги комплетираше четвртфиналистите во Купот на Италија.


„Волчицата“ победата пред своите гледачи ја најави со голот на Нанголан во првиот дел, а ја потврди во второто полувреме со погодоците на Џеко, Ел Шарави и Нанголан кој беше двократен стрелец.



Рома во 1/4 финалето ќе се сретне со Чезена, а во останатите мечеви силите ќе ги одмерат Наполи – Фиорентина, Јувентус – Милан и Интер – Лацио.

OhridNews