НУ „Завод и Музеј“ Охрид, Јорданка Матова, „Силви Бенд“, Даниел Јовески и The Backdoor Band се годинешни добитници на Повелбата-Патрон на градот „Свети Климент Охридски“.

- НУ „Завод и Музеј“ Охрид во своето речиси 70 годишно постоење се етаблира како една од најзначајните, најстручни и најпосветени културни интитуции во Охрид и државата. Музејот е наследник на најстарите музејски традиии во Европа. Со својата богата дејност, институцијата континуирано придонесува за зачувување, истражување и промовирање на културното наследство на Охридскиот регион.
- Јорданка Матова е историчар на уметност од Охрид. Нејзината посветеност кон уметноста и музеологијата опстојува повеќе од три децении. Таа има богата кариера со бројни истражувања, изложби и научни публикации.
- „Силви Бенд“ се музичко брачно дуо на Силви и Влатко Плевнеш кои имаат значаен придонес за музичката култура во Охрид и државата. Нивната музика, нивните песни и нивниот партципативен дух ја надминуваат димензијата на естрадна забава. Во 2025 година, „Силви бенд“ го прослави својот 35-годишен јубилеј.
- Даниел Јовески е режисер, продуцент и музичар. Продуцира музички видеа и аудио-визуелни проекти, со што ја промовира македонската музичка сцена во регионот и пошироко. Јовески е добитник на бројни меѓународни награди и признанија.
- The Backdoor Band како музички состав со преку 1500 настапи редовно учествува на фестивали, концерти, останати културни настани во нашиот град. Тие се 15 години на музичката сцена и се редовни иницијатори и организатори на бројни хуманитарни настани.
OhridNews











