По претходно распишани конкурси, Општина Охрид ги објави ранг листите на добитници на стипендии наменети за основци, средношколци и студенти. Резултатите од конкурсите се на ЛИНКОТ.
Согласно објавените конкурси висината на стипендијата за основците и средношколците е во износ од 2000 денари месечно за 9 месеци во текот на учебната 2022/2023 година, додека за студентите е 3000 денари месечно, исто така, за 9 месеци во текот на академската 2022/2023 година.
Право за прјавување на конкурсите имаа талентирани ученици од IV, V, VI, VII,VIII и IХ одделение од основни училишта и од I, II, III и IV година од средните училишта, ученици од основните и средни училишта кои живеат во потешки социјални услови од претходно наведените одделенија и години, како и основци и средношколци кои постигнале значајни резултати во областа на спортот, литературата, музичка, ликовна уметност и други вештини.
Во однос на студентските стипендии истите се наменети за редовни студенти на додипломски студии во I година од Општина Охрид кои студираат на државните универзитети во РМ за академската 2022/2023 година, студенти кои живеат во потешки социјални услови и за редовни студенти на додипломски студии во I година од Општина Охрид кои студираат на државни универзитети во други земји за академската 2022/2023 година.
OhridNews