Литературните творби „Охрид во чест на Свети Климента“ под шифра „ Триконхос“ и „Ѕвездата кон Бога“ под шифра „ АЕИ 321“ се добитници на наградите на Литературниот конкурс, кој по повод 8-ми Декември- Денот на Свети Климент Охридски- Патронот на Охрид го распиша градоначалникот Никола Бакрачески.
Добитниците на наградите, авторството треба да го докажат со третиот примерок и потврда дека се редовни ученици во некое од основните и средните училишта во Охрид, кои најдоцна до петок 4-ти декември треба да ги достават до Одделението за култура во општина Охрид. На добитниците, наградите во вредност од 3.000 денари, ќе им бидат врачени на 7-ми декември 2015 година во 13 часот во Спомен куќата на Григор Прличев.
На конкурсот пристигнаа 54 литературни творби од ученици од основните и средните училишта, од кои жири комисијата составена од писателите Смиле Наумоски, Маја Мојсова и Гоце Ѓоршовски, ги одбра двете најдобри.
OhridNews