Заврши првиот дел од домашното кошаркарско првенство по што познати се двојките за четвртфиналната фаза во Купот на Македонија.

За пласман во полуфиналето ќе играат:
МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар
Еуро Никел – Феникс
Пелистер – ТФТ и
Работнички – Чаир.

Во последните два натпревари од 11. коло вчеравечер ТФТ на гостински терен го победи Феникс со 79:75, додека Еуро Никел во Кавадарци беше убедлив против Вардар со 50 разлика (116:66).

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 21 бод, Еуро Никел 19, Пелистер 19, Работнички 18, Чаир 18, ТФТ 18, Феникс 17, Гостивар 15, Кожув 14, Вардар 14, Академија ФМП 13, Охрид 12.

OhridNews