Швајцарскиот Винтертур и босанскиот Вогошче се противниците на Прилеп и Пелистер во ЕХФ односно Челинџ Купот.


Прилепчани ќе дебитираат во европските натпреварувања додека битолските „зелено бели“ како клуб имаат големо искуство во мечеите со европски карактер.

Прилеп првиот меч ќе одигра на домашен терен на 3-4 септември додека реваншот во Швајцарија е недела дена подоцна.

Пелистер своите европски обврски ќе ги исполни во ноември месец. На 19 или 20 гостуваат во Босна и Херцеговина, а реваншот во Битола се игра седум дена подоцна од првиот меч.

OhridNews