Во спортскот рекреативниот центар „Климент Колески“, денеска, се одиграа полуфиналните натпревари и мечевите од плеј аутот во Футсал лигата за основно училишта во организацијата на Сојузот на улиштен спорт под покривителство на Општина Охрид.

За златниот медал во уличишната Футсал лигата ќе се борат екипите од ОУ Ванчо Николески и ОУ Христо Узонов, кои, во полуфиналето славеа над ОУ Григор Прличев 3-0 односно ОУ Св. Наум Охридски 2-1.

За што подобро место во плејаутот ќе се натпреваруваат екипите од ОУ Кочо Рацин, ОУ Братство Единство, ОУ Живко Чинго и ОУ Св. Климент Охридски.

Финалните мечеви од Футсал ќе се одиграат после велигденските празници, а во тој термин ќе се одржат натпреварите во одбојка и шах.

Резултати:

Плејуат: ОУ Кочо Рацин – ОУ Братство Единство 3-1, ОУ Живко Чинго – Св. Климент Охридски 3-0

Полуфинале: ОУ Ванчо Николески – ОУ Григор Прличев 3-0, ОУ Христо Узонов – ОУ Св. Наум Охридски 2-1

OhridNews