Со победата над Нов Зеланд и пласманот понатаму селекцијата на Перу ги комплетираше сите репрезентации кои ќе бидат дел од Мундијалот во Русија.

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) по рејтинг листата ги подели селекциите во четири шешири и од тие ќе се извлекуваат и формираат групите.

Ждрепката за групите е на 1 декември во Кремљ со почеток во 16 часот.

Шеширите:

Прв: Русија, Германија, Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска, Франција

Втор: Шпанија, Перу, Швајцарија, Англија, Колумбија, Хрватска, Мексико, Уругвај

Трет: Данска, Шведска, Исланд, Костарика, Тунис, Египет, Сенегал, Иран

Четврти: Србија, Нигерија, Јапонија, Мароко, Панама, Ј. Кореа, Саудиска Арабија, Австралија

OhridNews