Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги објави имињата на „луѓето во црно“ кои ќе ја делат правдата на финалните натпревари во Лигата на Европа и Лигата на Шампиони.
Финалниот меч во најквалитетното клупско натпреварување во светот ЛШ помеѓу Јувентус – Реал Мадрид ќе го суди германскиот арбитар Феликс Брих. Асистентите ќе му бидат од Германија, додека четврти судија ќе биде Србинот, Милорад Мажиќ.
Натпреварот во Стокхлом во финалето во Лигата на Европа помеѓу Манчестер Јунајтед и Ајакс ќе го суди Дамир Скомина. Словенецот прв пат добива доверба од УЕФА за водење на финале по неколкуте полуфинални пресметки во ЛШ и ЛЕ.
Финалниот натпревар во ЛЕ се игра на 24 мај, додека големото финалето во ЛШ на „Милениум“ стадионот во Кардиф се игра на 3 јуни. Победниците од овие два финални натпревари на 8 август во Скопје ќе ги одмерат силите во Супер Купот на Европа.
OhridNews