Со одигрувањето на мечевите од петтата рунда во Ц и Д групите се комплетираше групната фаза на Мундијалот кој се одржува во Франција.
Од Ц групата како првопласирана оди селекцијата на Германија која славеше против Хрватска (28-21) во дербито за врвот, а од третата и четвртата позиција Белорусија односно Унгарија.
Во Д групата немаше неизвесности премногу во пресрет на петтата рунда и селекциите завршија според очекуваното.
Резултати:
Група Ц: Чиле – Саудиска Арабија 25-26, Германија – Хрватска 28-21, Белорусија – Унгарија 27-25
Табела: Германија 10, Хрватска 8, Белорусија 2, Унгарија 4, Чиле 2, Саудиска Арабија 2.
Група Д: Бахреин – Аргентина 17-26, Шведска – Египет 33-26, Катар – Данска 29-32
Табела: Данска 10, Шведска 8, Египет 6, Катар 4, Аргентина 2, Бахреин 0.
Двојки во 1/8 финалето:
Норвешка – Македонија
Франција – Исланд
Русија – Словенија
Бразил – Шпанија
Белорусија – Шведска
Унгарија – Данска
Германија – Катар
Хрватска – Египет
OhridNews