Познати се четирите екипи кои ќе бидат дел од финалната завршница на второто издание на Баскет 3х3 турнирот кој го организира ЈП „Билјанини Извори“ во соработка со Општина Охрид.

Во полуфиналните пресметки ќе се сретнат екипите на Ликвид – Ноа односно Денто Медика – Алпојо. Победниците од полуфиналните средби силите ќе ги одмерат во големото финале.

Завршницата од турнирот ќе се одржи в среда со почеток во 20 часот. Кошаркарските возбудувања ќе бидат најавени со ракометна средба помеѓу Охрид и Металург 2.

OhridNews