Екипите на Работнички, Шкендија, Брегалница и Хоризонт Турново обезбедија пласман во полуфиналето од Купот на Македонија.


Тетовските „црвено црни“ во супер дербито го елиминираа Вардар со две победи во четвртфиналните натпревари. Во реваншот тетовчани славеа со 2-1 и со вкупни 5-1 го прескокнаа лидерот на табелата во Првата лига.

Исти исход од две победи во 1/4 финалето имаше и Работнички против Силекс. Пласманот во полуфиналето „романтичарите“ го заверија во Кратово со триумф 2-1, а претходно пред своите гледачи победија со 3-0.

Со ремито 1-1 во Охрид пред една седмица, Младост и Брегалница ја одложија одлуката за вториот натпревар во кој подобар беше составот од Штип со убедливи 4-1.

Триумфот од првиот натпревар (4-2) широко им ги отвори вратите на фудбалерите од Хоризонт Турново кои претрпеа пораз 1-0 од Македонија ЃП во реванш натпреварот.

Резултати : Брегалница – Младост ЦД 4-1 (1-1), Вардар – Шкендија 1-2 (3-0), Силекс – Работнички 1-2 (0-3), Х. Турново – Македонија ЃП 0-1 (4-2).

Мх.П.