Баерн, ПСЖ, Арсенал и Атлетико во борба за финалето во Будимпешта.

Во големото дерби, Баерн Минхен го елиминираше Реал Мадрид со победа од 4:3 во реваншот и вкупни 6:4, во натпревар со бројни пресврти и драматична завршница.
Пласман во полуфиналето обезбедија и Пари Сен Жермен кој го елиминирашеЛиверпул со две идентични победи од 2:0, Арсенал кој го мина Спортинг (0:0; 1:0) и Атлетико Мадрид кој со вкупни 3:2 беше поуспешен од Барселона.
Во полуфиналето ќе се сретнат:
Баерн Минхен – Пари Сен Жермен
Арсенал – Атлетико Мадрид
Првите полуфинални натпревари се закажани за 28 и 29 април, додека реваншите ќе се одиграат на 5 и 6 мај.
Финалето на најпрестижното европско клупско натпреварување ќе се одигра на 30 мај на „Пушкаш арена“ во Будимпешта.
OhridNews












