Комплетирани се полуфиналните двојки на 28. издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино, по одигрувањето на последните два четвртфинални натпревари.
Инекс Олгица со убедливи 10:0 ја совлада Викса Пром и обезбеди место меѓу четирите најдобри екипи на турнирот.
Многу понеизвесно беше во пресметката меѓу БЗ Груп и Аце Најдески. Во регуларниот дел немаше голови – 0:0, а БЗ Груп славеше по изведувањето пенали со 2:1 и се пласира во полуфиналето.
Резултати – 1/4 финале:
Инекс Олгица – Викса Пром 10:0
БЗ Груп – Аце Најдески 0:0, 2:1 на пенали
Полуфиналните натпревари ќе се одиграат утре, 26 август, а за место во големото финале ќе се борат:
Сатеска – ДОЕЛ Ноче
Инекс Олгица – БЗ Груп
Завршницата на „Богородица куп 2026“ е закажана за 28 август, кога ќе се одиграат натпреварите за конечен пласман и ќе биде познат освојувачoт на традиционалниот турнир во Волино.
Г.М.











