Шпанија и Шведска се последните две репрезентации кои изборија пласман во полуфиналето на женското ракометно Европско првенство. Шпанките во решвачкиот меч ја победија Данска, додека Шведска иако загуби од Црна Гораго освои второто место во Групата 2.


Шпанија само победа ја носеше на второто место во Групата 1, зад Норвешка и во дуелот со Данска токму тоа и се случи. Со супериорна игра Шпанките славеа со 29;22. Кабрал со шест и Фернандез со пет гола ја предводеа Шпанија до победата.

Шведска иако загуби од Црна Гора влезе во полуфиналето бидејќи Унгарија не успеа да ја совлада Норвешка со најмалку седум голови разлика. Шведска загуби од Црна Гора со 29:30, додека Унгарија славеше над Норвешка со 29:25.

Група 1: Полска-Романија 19:24, Шпанија-Данска 29:22, Унгарија-Норвешка 29:24

Табела: 1. Норвешка 8, 2. Шпанија 6, 3. Унгарија 6, 4. Данска 5, 5. Романија 5, 6. Полска 0

Група 2: Црна Гора-Шведска 30:29, Холандија-Франција 18:20, Германија-Словачка 36:22

Табела: 1. Црна Гора 8, 2. Шведска 7, 3. Франција 7, 4. Холандија 5, 5. Германија 3, 6. Словачка 0.

Во полуфиналето ќе играат Црна Гора-Шпанија и Норвешка-Шведска.

 

„Макфакс“