Со завршување на квалификациите пополнета е листата на Учесници на Европското првенство во кошарка што во 2017 години ќе се одигра во Финска, Израел, Романија и Франција.

Покрај најдобро пласираните репрезентации на последното ЕП: Шпанија, Литванија, Франција, Србија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Летонија, директоен пласман обезбедија и земјите домаќини: Финска, Израел, Романија и Турција.

Македонија по 10 години го прекина учеството на евробаскетот, на кој ќе играат нашите противници од квалификациите Унгарија и Велика Британија, како и Русија, Црна Гора, Словенија, Белгија, Германија, Полска, Исланд, Грузија и Украина.

Евробаскетот 2017 ќе се одржи од 31 август до 17 септември.

OhridNews