Со одигрувањето на сите мечевите во регуларниот дел од НБА лигата се комплетираа учесниците во плејофот, а се формираа и паровите.


Во источната конференција првопласиран заврши тимот на Бостон Селтикс, додека бранителот на трофејот Кливленд едно место подолу, односно на втората позиција.

Кошаркарите на Голден Стејт ја одбранија титулата на западот, а на втората позиција финишираше Сан Антонио.

Натпреварите од плејофот започнуваат на 15 април, додека серијата во големо финале ќе стартува на 1 јуни.

Запад:

(1) Голден Стејт – (8) Портланд
(4) Лос Анџелес Клиперс – Јута Џез (5)

(3) Хјустон – (6) Оклахома
(2) Сан Антонио – (7) Мемфис

Исток:

(1) Бостон Селтикс – (8) Чикаго Булс
(4) Вашингтон – (5) Атланта

(2) Кливленд – (7) Индијана
(3) Торонто – (6) Милвоки

OhridNews