Винската култура во Македонија зема се поголем замав. Овој исклучителен регион со извонредни вина, но пред се потенцијал во оваа индустрија, а кој се уште е во развој, последните години се поинтензивно вложува во подигнување на винската култура и презентацијата на доброто македонско вино.

На 22 и 23 јануари, на покана на хотел – ресторанот „Sky Corner“, во Охрид ќе престојува познатиот експерт за вино, новинар и публицист Пол Балке. Тој во вторник ќе одржи едукативно предавање за типовите и стилови на вино, винските производи и дестилати, за техниките на послужување на вино и принципите на комбинација на храна и вино. Во фокусот ќе бидат вината од Македонија.

Како што информираат од „Sky Corner“ настанот со претходна резервација е отворен за енолози, производители на вино, технолози, келнери, бармени, љубители на вино, случајни минувачи, кои сакаат да го збогатат знаењето во областа на виното.

На 23 јануари, четврток, во „Sky Corner“, ќе се одржи Гала вечер во Пол Балке. Ќе се дегустираат 5 различни вина искомбинирани со соодветна храна.

Пол Балке е еден од најпознатите експерти за вино, новинари и публицист. Сопственик е на винската компанија „Château Ostade“. Автор е на повеќе книги од областа на виното и винскиот туризам и добитник на престижни награди во најпознатите вински региони. Од 1995 година тој крстари низ винските региони низ светот акумулирајќи богато искуство кое го пренесува во неговите книги и на предавањата.

OhridNews