Џулијан Рахлин е еден од најхаризматичните и највозбудливите виолинисти на неговата генерација. Тој настапува со водечките светски оркестри и диригенти кои постојано ги величат неговите моќни и освежувачки интерпретации.
Постојано ја доведува публиката до стоечки овации во најдобрите концертни сали низ светот, каде неговите настапи резултираат со непосредни покани повторно да настапува.
Тој настапува и редовно се враќа да свири со Виенската филхармонија, Лондонскиот симфониски оркестар, Њујоршката филхармонија, Филаделфија оркестарот, Филхармонијата на Лос Анџелес.
Итамар Голан учел пијано со Лара Водовоз и Емануел Кразовски и го дал својот прв рецитал на седум-годишна возраст. Тој е редовно канет да настапува во најпрестижните концертни сали и фестивали, вклучувајќи ги и фестивалите во Равена, Чикаго, Тенглвуд, Салцбург, Единбург, Вербие и Луцерн. Исто така настапува и како солист со Израелската и Берлинската филхармонија под диригентство на Зубин Мехта.