Општина Охрид објави оглас за прибирање понуди за користење на локации за поставување на урбана опрема за комерцијално користење. Според јаввната објава општината ги предвидува следните локации за поставување на фрижидери за продажба сладолед:

– по должината на кеј „Македонија“ вкупно 10 локации
– плоштад „Крушевска Република“ вкупно 1 локација
– левата страна на пешачка улица кој води од центарот за обука на вода кон „Горица“ вкупно 1 локација.

На секоја локација можат да се постават максимално по 2 стандардни фрижидери, стандардна корпа за отпадоци и чадор за сонце, се појаснува во огласот.

За продажба на книги општината предвидува четири локации на малиот плоштад кај Долна Порта, секоја со површина ос 4 м2. На истата локација со истата корисна површина предвидени се 8 локации за продажба на уметнички слики.

Локациите за продажба на сувенири се наоѓаат во близина на Билјанини извори, вкупно 2 локации; на левата страна на пешачката улица кој води од центарот за обука на вода кон  „Горица“, вкупно 2 локации; на влезот во комплексот „Плаошник“, вкупно 4 локации. Продажбата на сувенири ќе се врши на унифицирани тезги со димензии 2х1 м. 

Општината предвидува и 10 локации на Кеј „Македонија“ за продажба храна.

Локациите за поставување на урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 90 денови.

Почетната цена за поставување 2 фрижидери за продажба сладолед е 5.000 денари/месечно; за продажба на книги на унифицирани тезги почетната цена изнесува 8.000 денари/месечно; за продажба на уметнички слики исто така 8.000 денари/месечно; за продажба на сувенири на унифицирани тезги почетната цена е 3.000 денари/месечно; а за поставување урбана опрема за продажба на храна почетната цена е 5.000 денари/месечно.

Огласот трае до 30-ти април.

OhridNews