Има многу изненадување на Мундијалот во Бразил, но едно најголемите е Костарика која забележа две победи во групата на „смртта“ совладувајќи ги Уругвај 3-1 и Италија 1-0.

– Нивната игра се граничи со фантазија. Целосно ја имаа анализирано нашата игра, а во нападот беа констатно опасни. Кога некој ќе ти ги затвори сите приоди кон голот останува поштено да му пуштиш рака дека те победил – рече селекторот на „азурите“ Чезаре Прандели.

Во последната рунда од групата на италијаните им е потребно бод на дуелот со Уругвај за пласман во 1/8 финалето, а ако изгубат ќе ги спакуваат куферите.

Мх.П.