Пратеникот од Демократската унија за интеграција(ДУИ) Арбен Лабеништа денеска преку допис го информирал претседателот Трајко Вељаноски дека врз основа на член 57 став 1 од Деловникот на Собранието поднесува оставка, пренесува “Макфакс“.
Арбен Лабеништа
Тој денеска на прес конференција најави дека ја прифаќа кандидатурата на неговата партија за градоначалник на Струга, истакнувајќи дека оставката во републичкото Собрание ја поднесува од две причини.
„Прво, мојата филозофија на личен ангажман, а тоа е целосна посветеност кон една обврска и една цел, а втората е да нема недоразбирање околу ова поклопувањето на функциите, односно пратеник во Републичкото собрание и кандидат за градоначалник“, рече Лабеништа.
Арбен Лабеништа по професија е пулмолог. Роден е 1972 година во село Радолишта, струшко. Има завршено Медицински факултет во Тирана.
извор:„Макфакс“